Хамилтон го зголеми рекордот со победи на 27 различни патеки

Луис Хамилтон го зголеми својот рекорд со победа на различни патеки по последната на Муџело за Тосканското Гранд При.

Муџело стана дел од Формула 1 календарот за прв пат изминатиов викенд како дел од промените поради Корона вирусот. Хамилтон стигна до победа во трката од 59 кругови. При својата 90та победа, тој стигна до успех на 27 различни патеки, зголемувајќи го сопствениот рекорд над тој на Шумахер, кој имаше победи на 23 различни патеки.

Во текот на својата кариера, Хамилтон не успеа да стигне до победи на само 4 патеки: Валенсија, Мањи Кур, Буд и Јеонгам. Хамилтон има шанса да го зголеми рекордот уште повеќе годинава кога Формула 1 ќе ги посети Портимао и Имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ