Хамилтон сака африканска трка на календарот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, повтори дека сака да види Формула 1 трка во Африка како дел од ширењето на спортот. 

Календарот е многу проширен во последните години со зголемувањето на популарноста во Америка и веќе има три трки таму. 

Ми се допаѓа насоката во која се движи спортот. Тука сум долго време и возбудливо е да се види тркачката серија во различни делови на светот и на различни патеки. Се надевам дека наскоро ќе се прошириме и во Африка – полн со надеж е седумкратниот шампион.

Трка во Африка немало од 1993 година кога Формула 1 возеше на Кијалами во Јужна Африка, но има планови за оживување на трката наредната година. Рокот за Јужно Африканско Гранд При е продолжен, но трпението е при крај. Хамилтон изјави дека сака историски патеки, но и да се задржи ДНК-то на спортот за во иднина. 

Старите патеки се тие кои ги сакам. За 20-30 години можеби и Мајами ќе биде историска патека која сега е нова за нас. Јас ги сакам Унгарија, Силверстон, Зандворт и Монца. Колку што знам, Стефано нема да се откаже од нив. добро е да се најде некаков баланс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ