Хауг посакува ДРС да исчезне

Поранешниот шеф на Формука 1 проетот на Мерцедес, Норберт Хауг, откри дека посакува ДРС системот да исчезне, признавајќи дека тој бил соучесник при воведување на истиот.

ДРС беше воведен со цел да го подобри претекнувањето од 2011 година, при што возачите може да го отворат задното крило со цел воздухот да преминува полесно из отворот. Но, постојаниот развој се смета за вештачки за креирање на повозбудливи трки, особено бидејќи возачот напред нема вистинска шанса за одбрана.

Хауг беше подпретседател на Мерцедес кога ДРС беше воведен, откако се приклучи на компанијата во 1990 година за период од 22 години. Но тој сега жали што не превзел повеќе за да го блокира системот.

Мислам дека маневрите за претекнување не се сметаат за сериозни. Зошто морам како возач, да се обидам нешто во свиокот Х ако потоа можам успешно да го направам тоа на правецот потоа?

Знаеме дека имаме искуство во тркањето. Кога некој вози на правец при толкава дистанца, тие нема да бидат лидери на крајот на правецот. Тоа е контрапродуктивно.

Маневарот помеѓу Мика Хакинен и Михаел Шумахер на долгиот правец Кемел во Спа во 2000 година е пример. Денес немаше да зборуваме за истиот доколку се случеше со помош на ДРС. 

Јас бев соучесник, не можев да го спречам. Во мое време ДРС беше воведен. Понекогаш некои одлуки се носат, но со нив не се согласувате. Никогаш не го сакав и како вистински тркач, сеуште не го сакам.

Можеби во иднина, во случај на нови правила, истиот ќе биде елиминиран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ