Хајтек го задржува Випс, на Ф2 не и се допаѓа тоа

Формула 2 тркачката серија излезе со свое соопштение откако тимот на Хајтек реши да го задржи Јури Випс како возач и покрај расистичкиот испад кој му донесе раскин на договорот со Ред Бул.

по скорешниот инцидент кој го вклучува јури випс, формула 2 сака да се огради од користење на таков јазик и да најави дека тоа нема да биде толерирано.

одлуката на хајтек грнд при да го задржат возачот е изненадување кое не го очекувавме и не би го напрвиле. ќе ја следиме ситуацијата внимателно и секое слично однесување ќе го санкционираме – велат од тркачката серија.

Випс веднаш се извини откако пренесувајќи се ви живо како игра симулации на трка, користеше расистички коментар, но тоа не помогна многу.

донесов одлука јури да си го задржи местото во формула 2 со хајтек во остатокот од сезоната, одлука за која сериозно разговравме пред да ја донесеме. со тоа што ќе му дозволиме оваа сезона, му даваме можност преку своите дела да покаже каква личност е тој. ставам јасно до знаење дека тоа што го кажа е неприфатливо, но решив да му дадам шанса да се поправи.

хајтек вработува многу луѓе и никогаш сме немале расистичко однесување во компанијата или пак навреди по било кој основ. не живееме во општество во кое никој не смее да направи грешка, така што искреното извинување треба да биде доволно, како и можноста да се научи од грешката.

не знам зошто го кажа тоа што го кажа, не знам зошто се пренеусуваше како игра игра во тој дел од денот, веројатно имал план за се. она што го знам дека го загуби договорот со ред бул како резултат на тоа што го направи што е доволно голема казна за него – изјави шефот на хајтек, оливр оукс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ