Хед: Хил замина од Вилијамс поради пари

Еден од основачите на Вилијамс, Патрик Хед, откри дека изненадувачкото заминување на Дејмон Хил од тимот на крајот од 1996 година било поради неговите огромни финансиски побарувања во тоа време.

Дејмон ја обезбеди титулата таа година и сакаше да го наплати своето постигнување, така што го советувал својот менаџер да почне преговори со сер Френк Вилијамс за договор за 1997 година. Но, огромните финансиски барања кои ги имал навидум скромниот Хил, биле преголеим за тимот така што преговорите траеле многу кусо.

дејмон имаше навика да прибира околу себе многу невообичаени карактери така што имаше еден таканаречен менаџер по име мајкл брин. наместо дејмон самиот да дојде кај нас, дојде мајкл, кој не беше воопшто шармантен и пријатен карактер. ја стави својата актовка на масата на френк, тој беше таков карактер и ако можеше да ги стави нозете на масата на френк, без размислување ќе го напрвеше тоа.

беше многу арогантен човек и му кажа на френк дека дејмон нема да вози за него за било што што е под одреден износ кој беше пет пати поголем од платата која дотогаш ја земаше. френк замолче, беше чудна тишина, можеби траеше 1-2 минути, целосна тишина, а потоа му кажа дека треба да си ја тргне актовката од неговото биро и му ја покажа вратата велејќи му да си замине.

навистина е огромна штета што дејмон не можеше самиот да дојде кај нас затоа што со него ќе разговаравме сериозно. френк потоа ми кажа дека треба да размислуваме за други возачи, а френцен беше еден од тие другите. медиуите шпекулираа дека френк го потпишал френцен претходно, но искрено не беше така – откри патрик хед.

Британецот смета дека Вилијамс и Хил не требало да се разделат без разлика на проблемот со парите.

тоа беше огромна грешка, можби егото застана на патот на соработката. во 1995 година тој веројатно требаше да биде прв пат првак. многу работи му се испречија на патот на таа титула, но кога се врти следната година беше страшно подготвен, беше можеби и подобро подготвен од михаел. тогаш ништо не погреши.

мислам дека дејмон од 1995 година се чувствуваше инфериорно во однос на михаел, но зимата на крајот од таа година, работеше напорно на својата подготовка и беше страшен. се врати со мислата дека исто добар како шумахер и дека може да го победи. многу е важно возачот да биде психолошки добро подготвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ