Херберт незадоволен: Маси нанесе преголема штета на Ф1

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, верува дека директорот за трка во Формула 1, Мајкл Маси, нанел преголема штета на тркачката серија за да може да продолжи за “шефува“ со трките во иднина.

Случувањата од финалето на сезоната во Абу Даби, менаџирањето со безбедносното возило и правилата кои важат во тие моменти, остави белег над последната трка која ја реши титулата. ФИА експресно најави истрага за случувањата чии првични резултати се очекуваат во Февруари, а крајниот заклучок на состанокот на Светскиот Мотор Спрт Совет во Март.

Шпекулациите велеа дека Мерцедес го условиле своето повлекуање на жалбите на донесените одлуки со отстранување на Мајкл Маси и Николас Томбазис од ФИА, иако тимот го демантираше тоа.

Запрашан дали Маси може да го задржи своето работно место, Херберт демантираше?

на многу начини, всушност на сите начини, со се што направи, не може. мислам дека премногу штета и нанесе на формула 1 поради позицијата која ја имаше и довербата која сите ја имавме во него. таа верба целосно исчезна.

Прашање е дали ФИА има човек кој е подготвен д ги превземе одговорностите и да ја врши работата која тој ја вршеше.

проблем е замената, кој би го заменил него? искуството ќе биде клучно за човек кој ќе ја превземе таа позиција. мајкл имаше огромна среќа што учеше и го наследи чарли вајтинг. гледаше како тој работи и учеше од неговото искуство.

во моментов не гледам некој кој би бил во можност да ја превземе работата на маси, тоа е проблемот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ