Херберт смета дека за Ленс не треба да има место во Астон

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, верува дека се ближи времето кога Лоренс Строл, пребогатиот сопственик на Формула 1 тимот на Астон Мартин и самиот производител на автомобили, треба да седне и да поразговара со својот син Ленс.

Ланаѓанецот има договор со Астон, но никогаш не е откриено колкава важност има тој договор, а кога неговиот татко го купи тимот од Силверстон, веднаш го доведе синот кој тогаш возеше за Вилијамс. Исто така, во тимот дојде и Себастијан Фетел, четирикратниот првак кој неславно го заврши својот престој во Маранело кај Ферари.

Тимот во моментов има освоено само 16 поени и тоа 13 од нив на Себ и покрај тоа што не возеше на првите две трки поради тоа што беше заразен со Ковид-19, додека Ленс има едно 10то место од последната трка во Канада, а поен има и од Емилија Ромања и Мајами.

Целта на Астон е шампионската титула, а во моментов се на 8мо место, така што аналитичарот за британски Скај, Џони Херберт, верува дека тимот мора подобро да го користи пакетот, а тоа значи и промена на возач.

ленс има тешка сезона и тешки трки. понекогаш мислам дека ленс треба да пресече и да му каже на синот дека си ја доби шансата, не се покажа како што треба, а тој треба да си ја заштити инвестицијата и тимот.

мислам дека ќе дојде до тоа, не знам кога, но ќе дојде и тоа зависи од тоа како ќе се справи ленс со трките кои следуваат. во моментов, не е добро – вели херберт, инаку поранешен победник на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ