Херез во трка по празното место од откажаното Сочи

Шпански Херез се стави на листата на трки кои може да бидат замена за откажаното Руско Гранд При кое имаше датум во Септември.

Според италијанска La Gazzetta dello Sportм шпанската патека контактирала со ФИА во врска со празниот термин и во моментов чекаат одговор од Федерацијата.

ова е одлична прилика. цел свет знае дека ние сакаме гранд при трка, поради тоа бевме во лондон на преговори пред половина година. организаторите ни кажаа дека ќе не земат во предвид ако има некое откажување на трка, тогаш ќе бидеме прва опција за замена – изјави подпретседателот на регионот андалузија, хуан марин.

Медиумите во игра како замена за Сочи до сега како главен кандидат го спомнуваа малезиски Сепанг, најмногу поради логистички причини затоа што Руското Гранд При беше дел од три последователни настани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ