Хил: ДРС треба да се отстрани, не е безбеден

Дејмон Хил, поранешниот Формула 1 првак, смета дека ДРС системот кој во спортот се користи од 2011 година за да се олесни претекнувањето, треба да се отстрани затоа што не е безбеден.

Неколку пати на крајот од стартнио правец во Шпанија имаше промена на насока на оние кои се бране додека возач со ДРС драстично побрз од нив, наближуваше од позадина. Карлос Саинз мораше многу доцна да реагира во борбата со својот лански колега, Ландо Норис, кој беше преагресивен и заработи казна за тоа.

Дејмон Хил смета дека проблемите се јавуваат поради разликата во забрзување и крајна брзина на два болиди со и без отворен ДРС, така што оној кој наближува и сака да мине е драстично побрз од “жртвата“.

поради забрзувањето со отворен дрс и повлекувањето од болидот пред вас, оној позади доаѓа со многу поголема брзина во пресрет на зоната за кочење.

јасно е дека потегот на карлос саинз беше одличен во борба против својот стар колега ландо норис. но, ландо во последен момент малку сврте во десно со цел да го блокира ферари, но карлос многу брзо одговори прилагодувајќи го своето движење.

ако некој погреши за дел од секундата, еден болид буквално ќе се качи над другиот. во индикар се тркаат со константни брзини над 350 кмч, но такви потези никогаш не се прават таму.

Запрашан дали смета дека во име на безбедноста, ДРС треба да се отстрани, Хил посочи дека не е фан на тој систем и дека има алтернативи кои треба да се пробаат.

не ми се допаѓа дрс иако од почетокот беше добар додаток, но не ми се допаѓа сега. мислам дека треба да се обидат со зголемување на зоната за кочење.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ