Хил за Мекларен: Требаше да почнат со болидот од Баку

Мекларен станаа драстично посилни со подобрувањата од Баку, а Дејмон Хил смета дека токму со тој болид требало да ја почнат сезоната.

“Портокаловите“ се мачат со рита и издржливост на првите трки од сезонава и уште пред почетокот на истата признаа дека ги промашиле поставените цели по што следуваше темелно реструктуирање на екипата. Во Мелбурн беа подобри, завршија во двојни поени, но тоа беше благодарение на карактеристиките на патеката, додека со новините од Баку, изгледа дека погодија во целта.

со ваков пакет требаше да почнат. заостануваат 4-5 месеци од она каде што требаше да бидат. стануваат се подобри, ја намалуваат негативата и се веднаш зад триото ферари, астон и мерцедес – посочи поранешниот првак.

Во моментов Мекларен се на 5то место кај конструкторите со 14 поени, заостануваат 6 зад Алпин, но големи 48 зад четвртопласираниот Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ