Хил се сомнева дека добриот Гасли може да стане одличен

Поранешинот Формула 1 првак, британецот Дејмон Хил, смета дека она што одличните возачи ги разликува оддобрите е тоа што може да прават луди работи.

Дејмон токму тоа го гледа во новокрунисаниот првак, Макс Верстапен во езоната во која ја освои титулата во ситуација кога неговиот колега од пред две години, Пјер Гасли од АлфаТаури, беше на 9то место на крајот.

Французинот е среќен од сработеното минатата година и од она што го постигна, дојде до својот 3ти подиум во кариерата и топ 10 пласман за малиот италијански тим. Она на што не беше среќене е фактот што и покрај одличните перформанси, Ред Бул одбраа да продолжат со Серхио Перез втора година по ред иако тој не губи надеж за место во сениорската екипа.

Хил смета дека младиот Гасли бил една од ѕвездите сезонава, но е соминчав дека може да му биде колега и да мупарира на Верстапен.

луѓето сметаат дека покажа врвна класа минатата сезона, но тоа го знаевме и претходно. но, ако се стави во исти кош со момците кои се фантастични, со луис макс и останатите, мислам дека нема да биде на нивно ниво. кога тие дојдоа во формула 1, сите останаа вчудоневидени.

може да се направи одличен возач, само ви треба можност за тоа. да не заборавиме дека на најџел мансел му требаа многу години за да стане првак.

во моментов на гридот имаме феноменален талент, возачите се претерано добри, многу се брзи и навистина малку ги разликува еден од друг. погледнете каква борба за титула имавме од првата до последната трка лани. токму таквото возење и таквата форма ги разликува добрите возачи од навистина добрите возачи – посочи хил.

Гасли и Верстапен беа колеги на 12 трки во 2019 година. Макс победи на својата прва трка во болидот на Ред Бул, додека Гасли доста време се мачеше за да дојде до подиум.

пјер имаше иста можност како макс, но не ја искористи, беа во иста екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ