Холандија ќе добие нов датум наредната сезона

Се чини дека трката за Големата награда на Холандија ќе добие друг датум наредната сезона. 

Формула 1 се врати на Зандворт во 2021 година и имаше тригодишен договор кој истекува наредната сезона. Се чини дека трката наместо првиот викенд во Септември ќе се одржува од 25 до 27 Август следната година. Тоа значи дека таа ќе биде една недела порано за да се напрви место за трките во Катар и Лас Вегас. 

Според новиот датум, се верува дека трката во Белгија ќе се одржи пред летната пауза, но официјалниот календар сеуште не е ратификуван од ФИА и мора да се почека. 

Главен проблем е враќањето на трката во Кина каде веќе три сезони не се вози поради пандемијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ