Холандската Ziggo Sport нема да присуствува во Австрија

Холандската телевизија која ги има купено правата за Формула 1 преноси во државата, Ziggo Sport, нема да прати своја екипа во Австрија во Јули кога е планиран почеток на оваа тркачка сезона.

Првичните планови велеа дека медиумите нема да добијат дозвола да присуствуваат на трките кои ќе се возат без публика, а од холанската телевизија излегоа со дополнителни информации.

нема да одиме таму. формула 1 не контактираа и ни кажаа дека ако сакаме да одиме мораме потоа да отслужиме една недела карантин во англија. таму сите ќе бидат тестирани и изолирани во соба, а потоа и спроведнеи на патеката во еден вид на контролирана околина во вид на меур каде треба да се остане 14 денови.

нашите шефови потоа бараа уверување дека ќе добиеме можност да ги интервјуираме возачите. позитивен одговор не добивме затоа што ни беше кажано дека тоа зависи од екипите и дека тие е може никого да присилат – откри џак плоиџ, новинарот на Ziggo Sport.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ