Холанѓаните сметаат дека трката ќе преживее и без Верстапен

Големата награда на Холандија ќе преживее и без Макс Верстапен како возач во врвната моторспорт тркачка серија, смета шефот на патеката, Роберт ван Овердијк.

Темелна реконструкција е во тек на Зандворт за да се подготви патеката за строгите Формула 1 стандарди штом врвната моторспорт тркачка серија се врати во Холандија во Мај годинава. Најголема атракција се чини ќе биде закосената кривина налик на американските овални патеки.

ќе подготвиме врвен тркачки фестивал кој нема да биде споредлив со ништо друго и нема да има никаква конкренција.

сакаме да имаме толку силна репутација што дури и макс верстапен да престане да се трка, настанот да биде одличен. правиме се од себе за да го оставиме зандвор на календарот следните 10 години – изјави ван овердијк за холандски De Telegraaf.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ