Хонда свесни дека персоналот ќе им замине во Ред Бул

Хонда размислуваат како на најдобар начин да го подобрат својот производ за да ги обезбедат Ред Бул и АлфаТаури колку што може повеќе за иднината по 2022 година.

Масаши Јамамото, шефот на Формула 1 проектот на Хонда, за Auto Hebdo изјави дека  размислуваат за нов мотор до своите актуелни муштерии по што би го напуштиле спортот на крајот на оваа сезона.

размислуваме во тој правец. лично сум тажен што ќе го напуштиме спортот затоа што сакав хонда да остане во формула 1, но ја почитувам и разбирам одлуката која е донесена.

раководството на компанијата реши повеќе ресурси да насочиме кон електричната технилогија и ќе ни требаат повеќе инженери за таа работа – откри јамамото.

Сепак, тој призна дека дел од персоналот кој во моментов работи на Формула 1 проектот на Хонда ќе премине во Ред Бул и нивната нова компанија, а ќе следува и уште персонал кој ќе замине од фабриката во Јапонија.

во моментов немаме планови вработените да ги префрлиме во ред бул, но тоа сме свесни дека ќе се случи на крајот од сезоната.

Во меѓувреме јапонците работат со полна пареа да го задржат развојот на моторот на колку што е можно посилно ниво во екот на силната битка со Мерцедес.

убеден сум дека направивме се како што треба за да се тркаме со мередес. ред бул исто така ни даде можност да извлечем максимум од новиот мотор.

во однос на моќта, моторите се блиску еден до друг, разликите произлегуваат од патеките и условите. мораме да продолжиме со развојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ