Хонда сомничави за Јапонското Гранд При

Шефот на Хонда, Масаши Јамамото, сеуште е сомничав околу одржувањето на Јапонското Гранд При, Формула 1 трката закажана за Октомври.

Во моментов најдобрите спортисти во светот се во Токио на Олиписките игри кои лани беа одложени поради пандемијата, но годинава ќе се одржат без присуство на публика.

Хонда освен тоа што е снабдувач со мотори н Ред бул и АлфаТури е и сопственик на автодромот Сузука.

пиевме кафе со доктор хелмут марко и разговаравме како ќе ја минеме летнаата пауза по тркаТА ВО УНГААРИЈА. но, се надевам дека пред тоа целосно ќе биде расветлена ситуацијата со јапонското гранд при, а и хелмут беше загрижен.

сакам да се тркаме на сузука, секако ако тоа е можно, но олимпијадата почнува без гледачи, така што немаме избор освен да ги следиме контантите помеѓу државата и формула 1.

лично јас би сакал да се тркаме таму дури и без гледачи затоа што мислам дека е добро барем преку телевизија да ја следиме трката на сузука.

за олимписките игри се надевам дека се ќе мине во нјдобар ред и дека ќе покажеме дека светот се движи во вистинска насока – посака јамамото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ