Јуки возбуден од враќањето на Хонда

Јуки Тсунода откри дека е задоволен што Хонда решила официјално да се врати во Формула 1 преку Астон Мартин од 2026 година, но прерано е да рамислува за трансфер кај нив.

Јапонците минатата недела потврдија дека од 2026 година ќе ги снабдуваат Астон Мартин со своите мотори како фабричка екипа, а веднаш како потенцијален кандидат за место во екипата беше псомнеат Тсунода како возач кој компанијата долго време го поддржува.

Осврнувајќи се на гласините за потенцијално место во Хонда, Јуки посочи дека 2026 година е предалеку за од сега да размислува на такво нешто.

возбден сум за враќањето на хонда и како дел од нивното семејство мило ми е што се враќаат во формула 1. навистина бев разочаран кога заминаа од ред бул и покрај што освоија титула таа година – изјави тунода.

враќањето е одлично за нив затоа што тие сакаат предизвици и се надевам дека ќе имаат многу успешна сезона со астон мартин.

Во врска со шпекулациите за долгорочна иднина со Хонда и коментарите на шефот Коџи Ватанабе, Јуки вели дека не чувствува никаков дополнителен притисок.

има уште три години до 2026 година и не чувствувам никаков притисок затоа што имам многу работи кои треба да ги докажам до тогаш. но, добро е да кажат работите од сега, добро е што сум на листата, значи се докажувам.

во исто време, јасно е дека ред бул ме поддржуваат веќе некое време и сум дел од нивното семејство, така што удобно ми е и пријатно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ