Алонсо: Ќе победуваме пред да дојде Хонда

Фернандо Алонсо верува дека Астон Мартин нема да имаат потреба да го чекаат пристигнувањето на Хонда во 2026 година за да победуваат на трки и да се борат за титула

Хонда и Астон официјално потврдија дека ќе соработуваат со новата генерација на мотори која стапува на сила од 2026 година, а до тогаш тимот од Силверстон останува на агрегатите на Мерцедес. Главниот извршен директор на Групацијата Астон, МАртин Витмарш, појасни дека тимот морал да сстане независен и фабрички за да добие можност да се бори за наслов.

Алонсо, иако е ентузијаст за доаѓањето на Астон како и неговиот шеф, сепак не смета дека треба да се чекаат јапонците за да дојдат во позиција за титула.

во 2026 година со новата регулатива за моторите, секогаш е подобро да ја развивате шасијата заедно со моторот за подобра интеграција. да се биде фабрички тим има огромна корист, но не значи дека до тогаш астон мартин нема да има шанса да победува и да освојува титули – посочи алонсо.

Според него, привлекување на Хонда е последно во низата одлични потези на милијардерот и газда на тимот, Лоренс Строл по целосно новито комплекс, воздушниот тунел и куп инвестиции кои ги направи.

соработката со хонда е одлична вест за екипата и многу сум возбуден поради тоа што е доказ за посветеноста на астон да победува и освојува титули, да биде целосно независен фабрички тим со свои менувачи и се што следува. веројатно тоа е единствениот начин да контролирате се во својот пакет, својот болид и одличен знак за сите во тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ