Хонда со поддршка до Тсунода пред најважните квалификации во годината

Првиот ден во Монако за Јуки Тсунода не беше добар откако пред време ја заврши втората тренинг сесија удирајќи во бариерите крај патеката.

Но, Тојохару Танабе од Хонда, смета дека нивниот штитеник има се што е потребно да испорача добри перформанси за АлфаТаури. Јуки се нема тркано низ Кнежевството и Четвртокот го заврши на дното по постигнатото време.

за жал јуки заврши во оградата попладнево и загуби скапоцено време кое требаше да вози наместо болидот да се поправа што секако дека не е идеално, со оглед што никогаш претходно не се тркал на оваа патека во било која категорија.

сепак, заедно со нас и со тимот, има време да ги проучиме сите податоци и да се враиме силни во сабота напаѓајќи на квалификациите кои се најважни во годината со оглед на тоа што претекнувањето е речиси невозможно – вели танабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ