Хонда со подобрен агрегат за Ред Бул и АлфаТаури

Макс Верстапен и Александер Албон ќе имаат подобрен аеродинамичен пакет, како и нов мотор во Австрија со повеќе моќ, a истото важи и за возачите на АлфаТаури.

Хонда беа во можност да продолжат со развојот на моторот на почетокот на пандемијата, додека останатите тимови ја немаа таа можност. Подоцна и Хонда ја затвори својата фабрика, што пак им дозволи да продолжат со развојот на моторот. Поради разликата во мерките за справување со пандемијата во Европа и Азија во однос на фабриките, во Хонда имаа можност да продолжат со работа.

Бидејќи поголемиот дел од елементите во моторот ќе бидат “замрзнати“ за следната година, тоа може да биде критична предност за тимовите кои користат агрегат на Хонда. Дали останатите тимови ќе може да превземат нешто околу оваа ситуација, сеуште не е јасно. Изгледа дека нема да можат да сторат ништо бидејќи новата спецификација е веќе пренесена во Австрија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ