Хонда со пофалби за Тост

Масаши Јамамото го пофали шефот на АлфаТаури, Франц Тост, за тоа што ги убедил јапонците да останат во Формула 1 и да работат со Ред Бул по дебаклот со Мекларен. 

Тимот од Вокинг ги врати Хонда во Формула 1, но ја раскинаа соработката по три  неуспешни сезони поради очајниот мотор. 

Тоа беше прв момент кога си реков дека нема надеж. Многумина се прашуваа зошто продолжуваме, зошто да не се откажеме. Мислевме дека е тоа најдоброто. Не верувавме дека ќе се бориме за титула – посочи шефот на проектот на хонда во формула 1.

Во последната година со Мекларен, Хонда почна да зборува со Ред Бул и прво започнаа да соработуваат со Торо Росо. 

Франц им кажа на Хонда дека може да се успешни. Зборувавме со неколку членови на бордот и си рековме ќе продолжиме.

Зборувавме со Хелмут и Франц, Имаме повеќе комуникација со тимот и со менаџментот. Имаме доста информации и тоа ни помогна многу.

Мекларен рекоа дека ќе се справат со политиката, а ние да работиме на моторите. Тоа се промени кога почнавме со Торо Росо кога Франц рече ние ќе зборуваме со Формула 1 вие со ФИА.

Мислам дека немаше да сме успешни доколку продолжевме со Мекларен. Со Ред Бул и Торо Росо почнавме од нула. Тоа ни требаше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ