Хонда со решение по проблемите во Бахреин

Хонда вовеле противмерки на својата агрегатна единица во пресрет на трката викендов во Имола, по неколку проблеми што се појавија за време на отворањето на сезоната во Бахреин.

АлфаТаури на Пјер Гасли беше опремен со нов агрегат и единица за контрола на електрониката за време на викендот, додека истите компоненти беа променети пред почетокот на трката и кај Серхио Перез.

Во формацискиот круг, болидот на Перез одеднаш се исклучи, но сепак мексиканецот беше во можност да го рестартира РБ16Б и да ја започне трката од боксот. По завршувањето на трката, Хонда ги разгледа податоците и утврди каде треба да се направат измени пред втората трка во сезоната овој викенд во Италија.

Воведната трка од сезоната даде охрабрувачки резултати за двата наши тимови со тоа што моторот на Хонда беше најбрз на сите тренинзи, земајќи пол позиција и потоа завршувајќи втор, петти и деветти во трката.

Како и да е, викендот во Бахреин не беше целосно без проблеми, па затоа работевме напорно со двата тима во оваа релативно долга пауза пред втората трка за да ги анализираме сите податоци и да преземеме контрамерки каде што е потребно – рече техничкиот директор на Хонда, Тојухару Танабе.

Последниот излет на Хонда на Имола доведе до четвртото место со Даниел Квјат од АлфаТаури, додека Гасли и Верстапен не успеаја да ја завршат трката. Поради тоа што фабриката во Фаенца на АлфаТаури е сместена во близина на патеката Имола, Танабе вели дека Хонда е многу мотивирана да испорача позитивен викенд.

Фабриката Скудерија АлфаТаури е на само 15 километри од патеката, што ја прави нивна домашна трка, што е уште една причина зошто ние во Хонда и членовите на нивниот тим ќе бидеме многу мотивирани да имаме силен викенд.

Минатата година квалификациите поминаа многу добро за нив и Ред Бул Рејсинг, но резултатот од трката не го одразува нивниот вистински потенцијал, така што овој пат се надеваме дека ќе можеме да имаме непречен викенд што ќе доведе до одличен учинок во недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ