Хонда ќе го примени наученото за спринтот во Монца

Тојохару Танабе од Хонда вели дека го подготвуваат мотор за спринт квалификациите во Италија согласно она што го научиле од првиот спринт, оној на Силверстон.

Техничкиот шеф на Хонда е свесен дека Монца е една од патеките која бара најмногу од моторот, а Ред Бул нема подиум на Националниот автодром во турбо хибридната ера која почна од 2014 година.

монца е позната по огромната брзина со четири долги правци кои значат голем дел од кругот минат под полна гас, така што од моторот се бара многу. правците се поврзани со три шикани, така што треба да се најде баланс помеѓу нив и правците – откри танабе.

Мкас Верстапен е сигурен дека Мерцедес се фаворити викендов поради нивната предност на правците. Квалификациите ќе се одржат во Петок, а потоа не смее да се работи на моторот во остатокот од викендот што значи спринт квалификации и Гранд При трка.

Танабе очекува главен акцент да биде ставен на оптимизација на моторот и перформансите на првите тренинг сесии.

втор пат по тркачкиот викенд на силверстон ќе имаме спринт квалификациски формат. тоа значи дека во петок по една тренинг сесија одиме на квалификации, а потоа одием во парк ферме и на моторот не смее ништо да се подесува.

поради тоа е клучно да се најдат вистинските сетинзи за мнгу кусо време. научивме доста во британија, имаме различни сетинзи на моторот веќе одготвени и очекуваме силен викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ