Хонда ќе даде нови информации за подршката на Ред Бул

Масаши Јамамото, директорот на Формула 1 проектот на Хонда, во последното интервју објасни каква подршка ќе дадат на Ред Бул и АлфаТаури во наредниот период.

Хонда ќе продолжи да соработува со Ред Бул во наредните две години се до целосниот трансфер кон Ред Бул Пауертраинс. Во моментов се гради новата фабрика за мотори покрај фабриката на Ред Бул во Милтон Кејнс.

Не зборуваме за подршка на Ред Бул во 2023 година. Наредната година ќе биде трансфер период и ние ќе ја задржиме технологијата. По таа година, тие ќе треба сами да работат. Во моментов сме во последна фаза за маркетинг правата на Ред Бул – откри јамамото.

Хонда направи целосно нов мотор за оваа сезона кој ги засили шансите на Ред Бул за титулата. Доколку ја освојат титулата, тоа ќе биде прва титула за Хонда по 30 години.

Доколку е можно, ние сакаме да дискутираме со Формула 1 и носителите на правото да направиме маркетинг кампања доколку ја освоиме титулата, Ќе најдеме соодветно време кога ќе соопштиме како ќе биде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ