Хорнер: Американски возач е поважно од американска екипа

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, смета дека е многу важно за Формула 1 да има американски возач на гридот, многу повеќе отколку втор американски тим. 

Популарноста на Формула 1 во Америка е во константен раст и наредната година ќе има три трки на континентот, но во моментов нема американски возач на гридот. Последен пат американец возеше во 2015 година и тоа беше Александер Роси. Се верува дека во 2024 година, Мекларен ќе го заменат Рикардо со Колтон Херта. 

Мислам дека е потребен американец, а не американски тим. Има големи таленти, а ние веќе размислуваме и поддржуваме еден возач во Формула 3. Се надевам дека ќе има нови таленти од јуниорските категории и можеби еден ден светски шампион.

Го имавме Скот Спид кој го поддржувавме од картинг деновите, но тоа не е доволно. Го имаме Макс од Холандија, Фернандо од Шпанија и Сена од Бразил кои ги разгоруваа страстите – посочи хорнер.

Формула 1 веќе има америкнаски тим Хаас, но Андрети сака да направи втора екипа иако ФИА сеуште нема одговорено на неговата пријава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ