Хорнер ги отфрла обвинувањата на Луис

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ги отфрли обвинувањата на Луис Хамилтон кој изјави дека приметил како се витка задното крило на Ред Бул при големи брзини. 

Од видео снимките може да се види дека задното крило се витка по малку со што се добива поголема крајна брзина. Тоа е забрането според правилата на ФИА. 

Секако болидот е следен. Ние правиме многу тестови кои поминуваат. ФИА е задоволна со болидот и тој ги помина сите тестови – дециден е шефот на тимот.

Хамилтон изјави дека на квалификациите Ред Бул имал предност поради флексибилното задно крило. 

Ред Бул се брзи на правците. Тие имаат флексибилно задно крило и тоа им дава три десетинки по круг. 

Хорнер е изненаден од тврдењето на Хамилтон изјавувајќи дека Тото Волф му кажал на британецот за ова. 

Изненаден сум што ги слушам неговите коментари за ова. Тоа е нешто што Тото ми го спомна и се сомневам дека е мислење на Луис. Сигурно потекнува од друго место. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ