Хорнер: Монако мора да се адаптира за подобра иднина

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, изјави дека патеката во Монако мора да се адаптира доколку сака да биде и во иднина на Формула 1 календарот бидејќи престасувањата се невозможни. 

Познатата улична трка беше модернизирана со нов падок и конечно ги отстапи ТВ правата и спонзорствата на Формула 1 партнерите, но патеката остана непроменета. Хорнер смета дека патеката може да го загуби местото поради тоа што не се адаптира на новите услови во тркачката серија. 

Ова е уникатна патека, Но доколку на некој му текнеше сега да се тркаме тука, тоа немаше да се случи. Тука возиме поради историјата, наследството и гламурот.

Монако е важен дел од календарот и возбудливо е секое доаѓање тука, Но секако инфраструктурата е променета драстично. Споредено со пред 20 години се е променето. Единствено патеката не е променета освен што болидите се поголеми и престасување е невозможно. Се еволуира освен патеката. 

Спортскиот шеф на Ферари, Лорен Мекис, кој ќе го превземе раководењето на АлфаТаури од следната сезона, смета дека трката мора да остане поради историјата. 

Во однос на патеката, мора да прифатиме дека престасувањето е тешко и мора да се концентрираме на саботата и квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ