Хорнер откри како со писмо почнала соработката со Себ

Откако Себастијан Фетел официјално потврди дека ќе се повлече од Формула 1 на крајот од оваа сезона, Кристијан Хорнер откри како почнала соработката помеѓу германецот и Ред Бул.

Себ стигна до четири титули како дел од тимот од Милтон Кинс од 2010 до 2013 година пред да направи трансфер во Ферари. Хорнер се присети на начинот на кој тогаш младиот Фетел станал дел од Ред Бул јуниорскиот тим како тинејџер.

она што тој го постигна е неверојатно. мислам дека пристигна кај нас како 13-годишно момче, а се претстави на ред бул преку писмо со кое бараше спонзорство.

првиот договор кој го доби беше да носи кацига од ред бул, а потоа почна и неговото членство во јуниорскиот тим, преку торо росо до титулите со ред бул. имавме незаборавни спомени и тој секогаш ќе биде огромен дел нод нашата екипа. ќе бидам тажен кога ќе замине – посочи хорнер.

Кристијан се присети на квалитетите и она што Ред Бул го виделе во младиот возач за да застанат зад него и да го поддржат.

има многу пвоеќе во себ од она што се гледа. кога баравме замена за дејвид култхард тој се пробиваше како млад и надежен возач. она што во негов го видовме беше одличната смисла за хумор, но многу размислуваше и анализираше, а имаше и неверојатна работна навика. тој беше подолго во падокот од било кој друг возач анализирајчи податоци и поради тоа стана многу сакан во тимот.

беше очигледно дека неговата страст беше се поголема и јасно е дека бевме многу среќни што тој ќе може да не претставува и да вози за нас што беше одлично да се види и тој е одличен амбасадор за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ