Хорнер: Пренесовме силна порака со отстранувањето на Випс

Кристијан Хорнер верува дека Ред Бул пренеле силна порака откко му го раскинаа договорот на Јури Випс по расистичкиот испад на естонскиот возач.

Откако минатиот месец, пренесувајќи се на Интернет во живо додека играл игра, Випс имал расистички коментар, тимот од Милтон Кинс ја истражил целата работа и му го раскинал договорот на возачот кој беше нивна резерва лани и годинава. Хајтек Формула 2 тимот каде естонецот вози не го следел тој пример и му даде шанса до крајот на сеонава.

Запршан да ја прокоментира контроверзната изјава на Нелсон Пике за Луис Хамилтон, Пике посочи дека нема потреба за тоа поради фактот што Ред Бул покажале и докажале што мислат за расизмот по ситуацијата со Випс.

знаеме дека и ние имавме сличен проблем со еден од нашите млади возачи на крајот од минатата недела и многу отсечно превземавме мерки во врска со неговиот расистички коментар. веднаш го отстранивме од тимот, имавме соопштение за јури, а потоа се случи ова со пике.

мислам дека пренесовме силна порака што мислиме за расизмот со тоа што веднаш го отстранивме возачот од нашите редови, така што покажавме дека немаме никаква толеранција – посочи хорнер.

Британецот му даде поддршка на Хамилтон посочувајќи дека Ред Бул не толерираат никаква форма на расизам.

секако дека сме целосно зад луис и сметаме дека потребни се дела, а не зборови. она што го направивме со јури беше во линија со политиката која ја поддржуваме

Возачот на тимот, Макс Верстапен, е дечко на ќерката на Нелсон Пике и во својата изјава изрази поддршка за Хамитон иако не пропушти да посочи дека бразилецот не е расист.

макс е јасен и даде своја поддршка, посочи на прес конференцијата дека го поддржува луис за било каква форма на расизам. како ред бул сме млада екипа, инклузивен тимо со млади и различни фанови што е многу важно за нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ