Хорнер: Сите треба да бидат загрижени за брзината на Рејсинг Поинт

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека сите екипи треба да бидат загрижени за брзината и ритамот на болидот на Рејсинг Поинт откако “розевиот Мерцедес“ беше опасно брз на Ред Бул Ринг и Штаерското Гранд При.

По разочарувачки квалификации, Серхио Перез стартуваше од 17то место на гридот, но на крајот го предизвика Александер Албон за 4то место пред да се судри со него и да загуби позиција како последица на тоа од Ландо Норис.

Но, брзината демонстрирана од болидот и способноста на мексиканецот да “врти“ кругови со исти ритам како и водечкиот Хамилтон зборува многу. Запрашан дали Ред Бул се загрижени од перформансите на Рејсинг Поинт, Хорнер одговори:

мислам дека сите треба да се загрижени од рејсинг поинт. перез беше побрз од мерцедес во еден дел од трката, а ботас имаше гуми само еден круг постаро од него, а заостануваше 3-4 десетинки. покажаа навистина импресивна брзина.

алекс извозе фантастично за да ги задржи зад себе, но ако се погледне и неговиот ритам во однос на тој на ботс, охрабрени сме и можеме да научиме од оваа трка.

По одличниот пласман ан трката во Спилберг, Рено веќе и официјално се поажли до стјуардите во врска со дизајнот на одредени делови на РП20 кои потсетуваат многу на ланскиот В10 модел на Мерцедес. Официјалните лица ја прифатија жалбата и веќе почна официјалната постапка на собирање на докази за испитување на евентуалното прекршување на правилата околу листата на дозволени делови кои тимовите може помеѓу себе да ги споделуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ