Храбриот Стаинер: Хаас ќе победува на трки

Додека Хаас се подготвува за својата 150та трка, шефот на тимот, Гунтер Стаинер, изјави дека тимот еден ден ќе победува на трки. 

Хаас е најмладиот тим на Формула 1 гридот и овој викенд ќе ја вози својата јубилејна 150та трка. 

Не можам да ги променам работите затоа што Не работам со статистика. Живеам од ден за ден, од трка до трка. 150 трки не се малку, Но сепак сме најмлад тим и имавме добри и лоши трки. во моментов сме достојни и продолжуваме со работа – најави италијанецот.

Откако влезе во Формула 1 во 2016 година, тимот најмногу стигна до 5та позиција во 2018 година, додека во 2021 година не освои ниту еден поен. Сега Стаинер сеуште не може да предвиди што ќе се случи и да се држи до некаков план. 

Доколку стартувате некој бизнис, имате петгодишен план, Но во моторспорт нема такво нешто. Видете ја Формула 1, Дали некој би рекол пред пет години дека ќе биде ваква. Мислам не, Мислам дека никој не може да предвиди каква ќе биде Формула 1 за три до пет години. 

Стаинер сепак е оптимист дека ќе дојдат до победа иако се на седма позиција во моментов. 

Целта е да одиме напред и да бидеме подобри секоја година. Во еден момент сакаме да победуваме на трки. Не знам како и кога, но тоа ќе се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ