Хулкенберг доби грид казна, ќе стартува 5ти

По големата возбуда за старт oд првиот ред во Монтреал, возачот на Хаас, Нико Хулкенберг, доби казна од три места за ГН на Канада, откако стјуардите го прогласија за виновен за прекршување на правилото за црвени знамиња за време на квалификациите.

Хулкенберг се квалификуваше како втор во саботната сесија, искористувајќи ги предностите на влажните услови за да дојде до место меѓу возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој седи на пол позиција и Фернандо Алонсо.

Сепак, тој подоцна беше под истрага за потенцијално прекршување на црвеното знаме и, по нивниот преглед, стјуардите одлучија да му дадат казна на возачот на Хаас за три места, симнувајќи го од второ на петто, унапредувајќи ги Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон и Џорџ Расел за едно место понапред.

Возачот штотуку го заврши својот најбрз круг и започна уште еден брз круг – гласеше извештајот на стјуардите, кои исто така му донесоа казнен поен на Хулкенберг.

Тој беше во првиот свиок кога беше истакнато црвеното знаме, но во тој момент тој веќе беше 1,5 секунда над својата делта.

Тој тврди дека тоа му отежнувало да дојде под делтата во следниот сектор. Тој, исто така, призна дека бил збунет во врска со звучниот сигнал во слушалките, и затоа во една фаза мислел дека оди премногу бавно.

Споредбата на телеметријата со онаа на болидот на Естебан Окон покажа дека генерално во остатокот од кругот тој имал приближно иста брзина како болидот 31, што ги исполнувало времињата на делта во секој мини-сектор. Ова го сметаме за олеснителна околност.

Меѓутоа, регулативата е многу јасна и иако не станува збор дека возачот постапил опасно или вози небезбедно, имаше прекршување и затоа треба да се изрече казна. Нормалната казна доколку не се забави под црвени знамиња е 10 позиции на гридот. Сепак, имајќи ја предвид олеснителната околност, соодветна е помала казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ