Палмер: Нико мислеше дека заврши со Ф1

Џулион Палмер даде свое мислење по разговорите кои ги водел со Нико Хулкенберг пред најавата дека ќе вози за Хаас во Формула 1. 

Според него, германецот мислел дека завршил со Формула 1 бидејќи немало ништо за неговата Формула 1 иднина. Долго се зборуваше дека тој е кандидат за местото во Хаас како замена за Мик Шумахер. 

Мислам дека ќе биде интересно во Хаас со Магнусен и Хулкенберг. Тие порано не се сакаа, но сега мора да го задоволат Стаинер.

Зборував со Нико во текот на летото и тој зборуваше дека е готово и нема да се врати на гридот, Но сега Хаас сака искусни возачи. Можеби е строго за Мик, но тој е спремен. Нико може да се врати силно бидејќи има мотивација – смета палмер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ