Хулкенберг на готовс и во Португалија

Нико Хулкенберг е на готовс и чека повик доколку треба да повторно да замени возач на Рејсинг Поинт доколку Ленс Строл има повторно позитивен Ковид-19 тест.

Откако Строл објави дека имал позитивен тест на Ковид-19 по Ајфелското Гранд При, тимот не сака да ризикува и го повиак во Португалија и возачот кој се тркаше три пати за нив оваа сезона. Германецот го замени болниот Строл на Нирбургринг, имаше лоши квалификации откако дојде во гаражата кусо пред нивниот почеток, постави 20то време, но финишираше на 8мо место на трката.

Строл се пожалил на болки во стомакот, но имал негативен корона вирус тест во Четврток во Германија, но во Недела се вратил во својот дом во Швајцарија и тогаш имал позитивни резултати од тестот. Од тогаш е во изолација, но оваа недела повторно се тестирал и бил негативен.

Поради несигурноста од неговиот настап, Отмар Шафнауер одбра да го повика Хулкенберг во Поругалија за секој случај.

нико е тука с отимот и мислам дека сите останати екипи за прв пат си носат свој резервен возач со себе затоа што тоа има целосна смисла – изјави шефот на екипата од силверстон.

Запрашан за ризикот Строл да има позитивни резултати од тестот откако бил негативен на почетокот на оваа недела, Отмар изјави:

имаше негативен резултат викендов, така што веројатноста да биде позитивен е многу мала. не знам многу за болеста, но го имаме нико тука како мерка за претпазливост иако сигурен сум дека ленс ќе биде во болидот на трка.

Ленс се пожалил на болки во стомакот уште пред Руското Гранд При, но имал негативен тест две недели подоцна ан трката во Нирбургринг, што било доволно да влезе во падокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ