Хулкенберг не е нервозен во пресрет на враќањето

Германецот Нико Хулкенберг е релаксиран во пресрет на своето враќање во Формула 1 викендов во Бахреин.

35-годишникот кој е генерација на Себастијан Фетел кој стави крај на својата Формула 1 кариера лани, доаѓа назад во спортот како замена за Мик Шумахер во американски Хаас.

формула 1 е како возење велосипед, не се заборава – објасни хулк.

вистина е дека брзо се прилагодив на тимот и се чвствувам како да сум дома. знам дека ќе имам период на прилагодување и нема да имам притисок за време на тркаките викенди.

кога сте млад, секогаш сте нервозни кога ги анализирате податоците, но јас се смирив, релаксиран сум и ќе видиме како ќе бидам викендов на трка. едноставно ќе се забавувам и ќе одработам силна трка.

Запрашан за своја прогноза каде Хаас ќе се пласира во поредокот годинава, тој одговори:

искрено не знам колку сме брзи релативно во однос на останатите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ