Хулкенберг оптимист за место во Хаас

Нико Хулкенберг откри дека е оптимист за враќање на Формула 1 гридот преку американски Хаас следната тркачка сезона.

Според шпекулациите на медиумите, 35-годишниот германец кој се нема редовно тркано од 2019 година, а последно е резерва во Астон Мартин, е се поизвесно дека ќе го превземе местото на Мик Шумахер. Иако 23-годишниот Мик станува се подобар како што одминува сезоната, тимот не ги добил перформансите и поените кои ги очекувал од него.

мора да се анализа цела сезона, а мора да се анализира и целокупниот развој. во моментов можеби е побр од колегата и прави се помалку грешки, така што тешко е да се оцени точно некој кој само две години вози во формула 1 – посочи поранешниот возач, тимо глок.

Хулк како и по обичај е многу тивок околу потецијалното враќање на гридот, но за австриски Servus TV даде куса изјава.

во моментов не можам ништо точно да кажам. на крајот на денот, јас не носам одлуки. преговорите се во тек и оптимист сум за нивни напредок. морам да бидам трпелив при носење вакви одлуки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ