Германецот Нико Хулкенберг смета дека ќе треба да помине некое време пред да ги реши плановите за 2020 година откако го загуби возачкото место во Рено.
Францускиот тим реши да потпише со Естебан Окон како замена за Хулкенберг наредната година и со тоа германецот остана со несигургна иднина. И покрај несигурноста, Хулкенберг изјави дека не се брза да потпише ништо.
Ништо нема конкретно само неколку разговори, Но ќе мине време пред да се одлучам.
Како што кажав минатата недела, ситуацијата е таа што е во моментов и чекам вистинска понуда и поради тоа не брзам да потпишам ништо. Има неколку опции, но не можам да зборувам за тоа – таинствен е нико.