Хулкенберг среќен што успеал да го избегне Албон

Нико Хулкенберг имаше многу среќа кога Александер Албон пред него се изврте и удри во оградата затоа што германецот од Хаас успеа да не заврши во него на таа 6та кривина од патеката.

Вилијамс беше на 6то место кога Албон ги прегреа гумите, се изврте и заврши во оградата на 6та кривина, но удирајќи во истата се одби назад и се врати на патеката. Прв кој мина до него беше Пјер Гасли, но во тој момент Албон сеуште се движеше, но кога Хулк мина на тоа место, болидот на Алекс се враќаше на патеката и тој за малку избегна судар со него.

тоа беше опасно, опасен момент, многу страшно и фала му на господ што ништо не се случи, но беше кошмар, кривина на слепо на улична патека, а болид има на патеката. сериозно бев исплашен и тоа беше лошо место да се загуби контрола, да се удри во ограда и да се врати на патеката и затоа што имаше песок се крена прашина и видливоста беше уште помала.

мислам дека пјер беше пред мене, тој прв мина до албон, јас втор, а немаше маршал кој ќе реагира и ќе ни покаже да забавиме. не видовме жолти знамиња, јас видов само облак прашина и песок како лета на сите страни, така што не минав преку нормалната тркачка линија, туку пошриоко како меркан а претпазливост.

мислам дека не го промашив албон за многу и веднаш преку радиото побарав безбедносно возило затоа што ситуацијата беше претерано опасна – објасни нико.

Потоа, германецот најголем дел од трката мина зад Ландо Норис борејќи се со Мекларен, но загуби ритам кога му откажаа гумите, иако на рестартот предизвика од неговиот колега, дојде до 4то место, но потоа поредокот беше вратен за последниот рестарт.

трката беше навстина луда со се што се случи и со толку многу различни сценарија. со црвените знамиња добивме можност да промениме гуми без да загубиме време и тоа добро ни дојде. потоа немав многу борба со некој особено, се бранев од ландо и се мачев со гумите проади што не се одбранив.

си го контролирав моето 9то место, а црвените знамиња повторно се појавија и повторно добив можност за повеќе. добро се навежбав стартови, секој беше добар, а последнито беше од 8мо место и стигнав до 4то без никаков проблем или инцидент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ