Хулкенберг: Фетел ќе заостанува годинава

Нико Хулкенберг го менуваше Себастијан Фетел на првите две трки од календарот и призна дека тоа ќе остави последици по германецот. 

Фетел конечно доби негативен тест на корона и ќе може да вози во Австралија следниот викенд. Тој нема тркачко искуство со новиот болид кој е целосно различен од претходниот поради променетите правила. 

Очигледно, поради двете пропуштени трки тој ќе заостанува, Но мислам дека е доста искусен и талентиран. Ќе успее да се справи со предизвикот, но ќе мора повеќе да навлезе – смета хулк.

Астон Мартин е тим кој сеуште нема освоено поени и се единствени во тоа заедно со Вилијамс. Двете екипи со Мерцедес мотор назадуваа во текот на зимата. Покрај Фетел, Астон имаше проблеми и со заминувањето на Отмар Шафнаеур, шефот на екипата, на чие место дојде Мајк Крак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ