Хулк добил желба да се врати во Ф1 по повикот од Хаас

На Нико Хулкенберг му се вратила желбата да се врати во Формула 1 откако бил побаран од Хаас околу евентуално враќање во тркачката серија. 

Неговата последна сезона во Формула 1 беше со Рено во 2019 година и од тогаш тој возеше на 5 трки како замена за возачи болни од Ковид-19 во Рејсинг Поинт, подоцна Астон Мартин. 

Очигледно не бев среќен што си заминав, но се оддалечив малку да воздивнам. Наредните години ништо не се случи, но некако, минатото лето посакав да се вратам И тогаш започнаа дискусиите – откри германецот.

Иако уживал без возачко место, сепак почнал разговори со Хаас и веќе е потврдено дека се враќа наредната година во тимот и спортот. Тој го држи неславниот рекорд за најмногу трки без подиум што најверојатно ќе продолжи со Хаас, а прв пат ќе го проба болидот на постсезонскиот тест во Абу Даби. 

Најважно е што ќе го возам болидот и тоа ќе ми помогне за наредната сезона. Не е долг тестот, но сепак ќе ми даде вовед во новите системи. Никогаш не знаеш што те чека додека не потпишеш. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ