Хулк се враќа во Ф1, ќе вози за Хаас

Нико Хулкенберг доби возачко место во Формула 1 во тимот на Хаас како замена за Мик Шумахер, чиј договор не беше продолжен.

Германецот ја напушти Формула 1 во 2019 година, но од тогаш возеше на пет трки за Рејсинг Поинт и Астон Мартин, а неодамна го замени Фетел на првите две трки од оваа сезона.

Тој има 181 старт во Формула 1 возејќи за Вилијамс, Форс Индија, Заубер, Рено, Рејсинг Поинт и Астон Мартин, има освоено 521 поен и највисоко има завршено на четврта позиција, с има и една пол позиција.

Задоволен сум што можам да му посакам добредојде на Нико Хулкенберг во тимот. Искуството и знаењето на Нико ќе му помогнат на тимот и тој има репутација на одличен возач во сабота.

Покрај Магнусен, ќе имаме доста искусна екипа со која ќе одиме напред. Тоа беше целта и амбицијата со која го врњтивме Нико во Формула 1 бидејќи ја дели нашата визија и сметам дека ќе се бориме за поени наредната сезона – изјави гунтер Стаинер, тимскиот шеф на хаас.

Нико Хулкенберг додаде:

Задоволен сум што се враќам во Формула 1 наредната година со Хаас. Како никогаш да не сум го напуштил спортот. Возбуден сум што ќе имам шанса да го правам тоа што го сакам благодарение на Џин Хаас и Гунтер Стаинер.

Ќе работиме заедно за да напредуваме на повеќе полиња и да се бориме.

Тој ќе започне да работи со Хаас во четврток по трката во Абу Даби како возач на тестот на Пирели покрај Пиетро Фитипалди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ