Хулк: Хаас му дадоа доволно време на Мик

Нико Хулкенберг смета дека Хаас му дале на Мик Шумахер доволно време да се докаже, но и дека тој го заслужува местото во тимот за следната година.

35-годишниот германец нема редовно место за трка од 2019 година, но по летната пауза почнал сериозно да преговара со малата американска екипа.

по летната пауза мик одеднаш почна да биде драстично подобар и поради тоа му беше дадено дополнително време и затоа целата работа се одолговлечи – откри германецот.

Тој посочи дека цело време бил голем оптимист иако не бил во ниту еден момент целосно сигурен дека ќе го потпише договорот со екипата.

работата се одолговлечи до самиот крај на сезоната и само неколку денови официјално го имам потпишано. во текот на летото шансата да се почне соработката беше помала одошто шансата да не почнеме, но јас бев релаксиран и немав притисок.

секако дека сега сум пресреќен, ќе биде интензивна и напорна година. да се биде трет возач е многу релаксирано, седите без притисок и чекате шанса. сег имам пауза и празници пред мене по што морам максимално да се подготвам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ