Хулк ќе минува повеќе време во Маранело

Нико Хулкенберг најави дека ќе поминува повеќе време оваа година во Маранело, италијанската база на неговиот тим, Хаас.

Пред неколку години, додека Ферари и Фернандо Алонсо имаа мачна соработка, Нико речиси да потпиша договор со најтрофејната екипа на гридот, но сето тоа не дојде до крај.

не знам што тргна наопаку, едноставно, мој трансфер во ферари не се случи – призна германецот.

Но, Нико на крајот доби можност да работи во Маранело како дел од големата техничка соработка која Хаас ја имаат со Ферари и го користат нивниот симулатор како подготовка.

повеќе ќе возам во симулатор годинава, секои неколку недели, дури и почесто. имаме план за првата половина од сезоната и ќе работиме да го оствариме, а резултатите ќе дојдат.

бев во маранело во текот на зимата и искуството беше многу добро за мене, така што не гледам причина зошто да не сум таму почесто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ