Хулк ќе стартува од боксот по промени во сетирањето

Нико Хулкенберг ќе го почне Азербејџанското Гранд При од боксот откако Хаас се одлучиле да направат промени на неговиот болид.

Германецот имаша 16то време на петочните квалификации за главната трка, а друштво при стартот од бокс ќе му прави Естебан Окон кој поради прекршување на парк ферме правилата, на спринтот и денеска тргнува од боксот.

За кусиот спринт, Нико се квалификуваше на 12то место, но назадуваше низ поредокот и финишираше како 15ти. Одлуката на американската екипа да ја жртвуваат неговата позиција за да променат подесувања на болидот, прекршувајќи парк ферме правила, значи казна.

не сметам дека имавме проблем со болидот, едноставно, гумите многу се трошења по повлекување на безбедносното возило, така што по 3-4 кругови гумите беа целосно уништени.

морав да се борам со тоа, се мачев и назадував во поредокот. тоа треба д асе види, проблемот да се анализира и разбере, но во моментов е знак прашалник.

очекувавме трошење на гумите, но не до оваа мера кога бевме навистина многу изложени на напади – изјави хулкенберг по крајот на трката.

Прекумерно трошење на гумите пријавил и Кевин Магнусен, но не до таа мера да мора да се корегира болидот и да се отслужува казна со оглед на тоа што тој ќе тргне од 11то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ