Чадвик останува да работи во симулаторот на Вилијамс

Џејми Чадвик, поранешната шампионка во жанската тркачка В серија ќе остане да работи во Вилијамс трета година по ред како развоен возач со задолженија во симулаторот на тимот во Гроув.

Британката стана дел од тимот во 2019 година и многу често одработува во симулаторот паралелно со нејзината работа во фабриката, а често патува и со тимот на Гранд При трките. Чадвик ќе продолжи да работи во Вилијамс паралелно со годинешното тркање во В серијата која лани ја немаше порадеи пандемијата.

многу го сакам времето кое го минував во виијамс до сега и не можам да бидам посреќна што екипата одбра да продолжи да работи со мене како развоен возач. чувствувам дека константно се подобрувам како возач и моето време минато во симулаторот на тимот се покажува непроценливо. нетрпелива сум да продолжам со вилијамс – најави чадвик.

Иако тимот има нова сопственичка структура откако американскиот инвестициски фонд, Дорилтон Капитал, го купи тимот од семејството Вилијамс, сепак шефот на екипата, Сајмон Робертс, изјави дека воопшто не размислувал дали да ја задржи Чадвик.

не само што таа е огромен женски амбасадор на спортит туку е интегрален дел од промоцијата на моторспортот и нејзината работа во симулаторот во горув е од непроценливо значење за нас.

нејзината решителност да вози колку што може повеќе и да ги поместува границите е нешто на што сите ние во вилијамс се восхитуваме и нетрпрливи сме и годинава да го правиме со џејми како дел од тимот.

Освен што е шампион во преиерната година од В серијата, таа е и првак од британската ГТ ГТ4 класа во 2015 година, а има и Формула 3 трки во Британија во 2018 година. Исто така е првак во МРФ женската серија во 2018/19 сезона.

Лани немаше лесна работа во Европскиот Формула Регионален шампионат и заврши на 9то место со еден подиум возејќи за Према, а сезонава ќе се трка во електричната Екстрим Е за Велоче рејсинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ