Чандхок: Норис ќе бара начин да го напушти Мекларен

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, Карун Чандхок, смета дека Ландо Норис ќе бара начин да го напушти Мекларен со оглед на позицијата во која се наоѓа екипата.

Младиот британец стана дел од славниот тим од Вокинг во 2019 година, донесе неколку подиуми за екипата и пол позиција пред две години. Но, тимот е во очајно лоша форма од почетокот на сезонава откако целосно го промаши развојот на новиот МЦЛ60 болид. Првата трка беше многу лоша за “порокаловите“, дебитантот Пиастри рано се откажа, а Норис влезе во боксот дури 6 пати поради губење притисок.

Во моментов Ландо има договор со тимот до крајот на 2025 година, но Чандхок посочи дека во договорот има клаузули кои може да го ослободат возачот од договорните обврски.

ландо норис е некој кој може да размислува за трансфер во ред бул или во ферари со оглед на тоа каде се тие. зек браун заврши неверојатно добра работа што го натера да потпише толку долг договор на дури четири сезони.

се прашувам дали тимот на норис има некаква излезна клаузула во договорот доколку мекларен не заврши во топ 4 во конструкторскито поредок две години по ред или нешто слично. надвор од топ 3 екипите, тука се фернандо и ландо кои се фантастични возачи. фактот што норис се мачи за к3 е фрустрирачки за возач од негов калибар – вели индиецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ