Четири екипи ќе тестираат за Пирели по Австриското Гранд При

Четири Формула 1 екипи ќе останат на Ред Бул Ринг по крајот на Австриското Гранд При да одработат тест за доставувачот на гуми, Пирели.

Италијанците за прв пат годинава донесоа 18-инчни тркала, а добија 25 денови за тестирање со цел да го подобрат овогодинешниот производ. Собраните податоци од тестовите се споделуваат со екипите за никој да нема предност од својот одрботен ден.

Ред Бул, Алпин, Мекларен и Вилијамс ќе останат на Спилберг неделата по трката со цел да одработат тест, Мекларен и Вилијамс ќе тестираат во Вторник и Среда, Ред Бул ќе работат само во Вторник, а Алпин само во среда.

Пирели ја започна овогодинешната тест програма на Имола во Април, а во Јуни тестираше со Ферари на Фиорано. Целта за следната година се посилни предни гуми за да се спречи подуправувањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ