Шафнауер за Браун: Нема поим од Ф1

Војната на зборови станува се пожестока во падокот откако во Петок стјуардите на ФИА донесоа пресуда по жалбите на Рено околу каналите за ладење на сопирачките на Рејсинг Поинт, а потоа Зек Браун од Мекларен ја нарече пресудата с***е.

ФИА заклучи дека предните канали на сопирачките на РП20 се легални, а задните не се, но согласно спортскиот правилник, не техничкиот, така што тимот ќе може да продолжи да ги користи.

Се чини дека никој освен Рејсинг Поинт и Мерцедес не се согласуваат со пресудата, а Рено, Мекларен и Ферари веќе најавија дополнителни жалби.

за зек браун целата работа е с***њ затоа што не е инженер и нема поим за што зборува. изненаден сум колку малку знае за правилата во формула 1 и мислам дека повеќе знае за историјата на тркањето отколку за формула 1 – грубот му врати шафнауер на американскиот шеф на мекларен.

Иако три екипи веќе најавија дека ќе се жалат, ставот на Рејсинг Поинт сеуште не е јасен.

жалба ќе бара помош од адвокати, а тоа може да чини многу пари, повеќе од казната, така што сеуште не сме решиле што ќе правиме. имаме казна и 15 поени кои не знаеме колку ќе не чинат на крајот на сезоната, некогаш чинат скапо, друг пат не и многу е тешко да се предвиди.

последната работа е дека ние не сме направиле ништо погрешно, туку сме прекршиле некои процеси од спортската регулатива на формула 1, што не велам дека е во ред. треба да се жалиме за да си го исчистиме името, ништо не погрешивме и се следевме “по книга“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ