Алпин бараат решение за фрустрирачките проблеми

Дали францускиот производител ќе најде одговори на повторливиот проблем со нивните болиди?

Тимскиот шеф на Алпин Отмар Шафнауер е желен да го реши фрустрирачкиот проблем што предизвика два неуспеси за француската марка оваа сезона.

Естебан Окон се повлече од Големата Награда на Британија по девет круга поради проблем со хидрауликата, додека Пјер Гасли исто така ја доживеа истата судбина за време на тренинзите за ГН на Азербејџан.

Болидот на Гасли се запали и доведе до обемна поправка од неговите механичари, што Окон го избегна со застанување по инструкциите во Силверстон.

Зборувајќи за медиумите, Шафнауер објасни:

Естебан имаше хидраулично истекување од пумпа што ја купуваме од нашиот добавувач.

Тоа е дел што го купуваме и обично е прилично робустен и ретко се расипува. Имаше истекување од делот на пумпата каде што го прилагодуваме притисокот во неа.

За добавувачите, имаме програма за гаранција на квалитет преку која што  и ги разгледуваме нивните процеси и процедури за квалитет, така што сме среќни што кога ќе добиеме дел од нив, тој е поминат низ вистинскиот процес.

Но, тоа е генерално со добавувачите каде што им доставуваме дизајн и тие учествуваат во нашиот дизајн.

Со големите компании, кои се уште подобри во такви работи, тоа не е случај. Тие ќе го разгледаат тоа, ќе ја најдат основната причина, ќе поднесат извештај, а потоа ќе ни покажат што се случило и ќе гарантираат дека никогаш повеќе нема да се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ