Шефот на трката во Австралија го објасни откажувањето

Шефот на трката во Австралија, Ендру Вестакот, објасни што се случувало со забуната со фановите утрото кога беше откажана трката на само два часа пре дпочетокот на првата сесија во Петок.

Трката беше откажана во исклучително чудни околности откако еден член на Мекларен беше позитивен на тестот за коронавирусот, а потоа тимот реши да се повлече.

Иако мнозинството на тимови одлучија да не се тркаат сепак кружеа информации дека трката ќе се одржи. Вратите од патеката беа отворени според планот и подоцна почнаа одложувања за на крајот да се затворат вратите. Во 10 часот наутро настанот беше откажан додека фановите чекаа пред вратите.

пет дена претходно имаше 86.000 луѓе на крикет натпревар и Се беше подготвено за трката бидејќи секој настан се откажува една недела претходно. Тајмингот беше лош, но одличен за тимовите. Требаше да зборуваме со здравствените власти.

Тогаш се вмеша и ФИА и тимовите и Формула 1. Без нив не можеше да се донесе одлука. Многу фанови беа разочарани и Имаше различни сценарија. Треба да се земе се во предвид дека На крајот донесовме одлука. Мораше да им откажеме на луѓето.

За Вестапкот дополнителен проблем било што Чејс Кери бил на пат помеѓу Ханои и Мелбурн во клучните моменти кога требало да се реши за откажувањето или продолжувањето со Гранд При викендот.

Знаевме дека ќе има различни мислења од тимовите, но мораше да им се даде право на глас. Чејс Кери беше во авион и се враќаше од Виетнам. Цела ноќ бевме во комуникација и немаше многу спиење. Знам дека ги разочаравме сите. Многумина беа оштетени но мора да мислиме на безбедноста на луѓето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ